Дневен ред за Дваесет и осмата седница на Советот на општина Кратово

Врз основа на ќлен 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловодникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на дваесет и осмата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам давесет и осмата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 30.09.2015 год. (среда) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 14 часот.

Дневен ред

-Предлог – Записник од Дваесет и шестата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 29.06.2015 год;
-Предлог – Записник од Дваесет и седмата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 10.09.2015 год;
-Квартален извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кратово за вториот квартал од 2015 година;
– Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за авто – такси превоз на патници и начин, постапка и услови за издавање на лиценци за линиски и авто-такси превоз на патници во општина Кратово;
-Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Секулица општина Кратово за кое нема урбанистички план;
-Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Железница општина Кратово за кое нема урбанистички план;
-Предлог – Одлука за дополнување на Годишната Програма за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација на територијата на општина Кратово за 2015 год.;
-Правилник со Предлог  – Одлука за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на работните места во ЈОУДГ „Царка Андреевска“ – Кратово;
– Правилник со Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Царка Андреевска“ – Кратово;
-Извештај со Предлог – Решение за усвојување на Извештај за безбедносна состојба и преземени мерки во текот на првото полугодие од 2015 година на Полициска станица од општа надлежност Кратово;
-Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово за учебната 2014/2015 година;
-Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишна програма за работа на СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово за учебната 2015/2016 година;
– Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на Ученичкиот дом при СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово за учебната 2014/2015 година;
-Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишна програма за воспитно – образовна работа на Ученичкиот дом при СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово за учебната 2015/2016 година;
-Предлог – Решение за давање согласност за формирање и работа на паралелки во кои бројот на ученици е помал од 25 во учебната 2015/2016 година;
-Предлог – Решение за давање на согласност за работа на Ученичкиот дом при СОУ „Митко Пенџуклиски“ во учебната 2015/2016 година;
-Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово за учебната 2014/2015 година;
-Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово за учебната 2015/2016;
-Годишен извештај со Предлог – Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ – Кратово за работната 2014/2015 година;
-Годишна програма со Предлог – Решение за усвојување на Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Царка Андреевска’ – Кратово за работната 2015/2016 година;
Прашања и предлози.
На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присуство на седницата на Советот.

Претседател

на Советот на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin