Инфо ден од ИПАРД Програмата 2014-2020 во Кратово

Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ и АФПЗРР ги покануваат сите заинтересирани странки, физички и правни лица (микро и мали претпријатија) и задруги да присуствуваат на овој инфо ден и да се информираат за можностите за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 односно мерката 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Инфо денот ќе се одржи на 5 август 2021 година (четврток) во 11.00 часот во Салата за состаноци на општина Кратово.

Јавниот повик 01/2021 е објавен на 8 јули 2021 година на интернет страницата на Телото за управување со ИПАРД  www.ipard.gov.mk на следниов линк:

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2021 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 – ИПАРД – (ipard.gov.mk)

Во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата, со цел до 22 август 2021 година сите апликанти да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација, која се бара во Јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Пополнетото Барање за користење на средства за мерка 7 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен повик ИПАРД број 01/2021 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

Апликантите може да аплицираат во следниве приоритетни сектори се:

  1. Алтернативно земјоделско производство
  2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
  • Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
  • Колачи, тестенини и пекарски производи;
  • Чај и билни екстракти;
  • Зачини и билки;
  • Слатководна риба, ракови и мекотели и
  • Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
  1. Производство на не-прехранбени производи
  2. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
  3. Обезбедување на услуги во земјоделството
  4. Развој на услуги за руралното население
  5. Промоција на руралниот туризам

Додека прифатливи инвестиции во мерката 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси се:

  • Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
  • Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
  • Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
  • Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
  • Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Инфраструктурно уредување

–Дополнителни информации се достапни на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.ipard.gov.mk , Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Scroll to Top