Отворени Забавни Фудбалски Школи Кратово 2015

1Open Fun Football Schools е хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на Cross Cultures Project Association, Копенхаген (CCPA) во соработка со Фудбалскиот Сојуз на Норвешка (NFF).

Open Fun Football Schools се развиени по концептот кој потекнува од Данскиот Фудбалски Сојуз. Неговата основна идеја е „фан – забавниот концепт“: Она што е важно е аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот и подобрувањето на нивото на вештините.

 Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците.

Во текот на 5-те дена од неделата децата живеат низ фудбал, концентрирајќи се и внесувајќи се во играта во целост.

Овогодинешните активности на Отворени Забавни Фудбалски Школи Кратово 2015 се одржаа во период од 12 и 13 (сабота и недела) септември 2015 год. како и 19 (сабота) септември 2015 год на игралиштето на Мусала во Кратово заедно со Општина Македонска Каменица, и 20 (недела) септември 2015 год. на стадионот на Општина Македонска Каменица во Македонска Каменица.

На школата учество земаа над 220 дечиња од кои голем број на учесници не се членови на некој клуб и за прв пат учествуваат на било каков организиран спортски настан.

Важен момент е големата заинтересираност на децата од двете општини за учество на Отворени Забавни Фудбалски Школи што за нив преставуваше можност за запознавање на нови пријатели, дружење со врсниците од соседната општина и забава.
Голема благодарност до Општина Кратово и Општина Македонска Каменица за поддршката која ја дадоа во одржувањето на школата ( пред се за обезбедување на храна и сокчиња, и транспорт на децата), како и на ФК Силекс од Кратово за отстапувањето на теренот на Мусала за успешно одржување на истата.

Исто така мора да се истакне дека медиумски беше покриена целата школа со прилози на националната Сител 2 телевизија.

На школата присуствуваше и свечено ја отворија Градоначалникот на општина Кратово г-дин Мите Андоновски.

Самата церемонија беше проследена со културно забавна програма претставена од учениците од училиштата од општината.

Работата ја водеа 1 лидер и 12 тренери, со поддршка од претставници на општинатаКратово, а освен општината свој придонес кон одржувањето на школата дадоа и Бурекџилницата „Досе“ ДООЕЛ, Кратово, ЛАДНА вода – Магрони ДОО Скопје.

Прекрасна беше глетката да се видат насмеани лица на сите присутни желни за дружење, забава, игри …

facebooktwittergoogle_pluslinkedin