За секое новороденче во Општина Кратово по 5 000 денари

Општина Кратово од оваа година ќе исплаќа по 5000 денари за секое новороденче. Во Буџетот на општината за 2022 година предвидовме поддршка на семејствата за секое новороденче, односно од 1 ви јануари 2022 година секое семејство кое ќе има новороденче, ќе добие еднократна парична помош од 5 000 денари.

Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новородено дете на територијата на Општина Кратово.

Формуларот/барањето може да се добие во Архивата на Општината или да се симне од веб страницата на општина Кратово тука: Барање за остварување на правото на еднократна парична помош за новородено дете

271440746_477517547228624_6723206603616205785_n

Scroll to Top