Поетски читања“ – кратовските ученици промовираа хумани вредности

1Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество, а при тоа се поттикнат да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Секоја година покрај обуката за дисеминација, 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 14 до 18 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Оваа година, од страна на младинците учесници во ПХВ циклусот 2015, изработени се 192 мали проекти преку кои реновиран е кров на куќа, изградени се рампи за хендикепирани лица, собирани се средства за операции и многу други нешта. Од 2012 во рамките на програмата на Црвен крст во Акција-Промоција на хумани вредности се обележува и недела на промоција на хумани вредности, и тоа со одлука на ИО на Црвен Крст на Република Македонија, од 21 до 27 септември. Целта на неделата е пренесување на порака за унапредување на социјалната вклученост и култура на ненасилство и мир. Оваа година повторно сите заедно ја обележуваме ПХВ неделта. Секој во својот град, но под иста тема “Промоција на различност” се подготвува “ПХВ поетски читања”. Преку овие читања се претставува јазикот, културата и различностите на секој град. Младите од целата држава преку своите клубови на млади при Црвен крст изведуваат ПХВ поетски читања пред нивните родители, соученици, професори и пред целата заеница. Преку поезијата ќе се обидеме да потврдиме дека почитта за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката взаемната доверба и разбирањето се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвениот крст имаме одговорност да дејствуваме. ЦКА-ПХВ програмата во 2015 година е финансирана од страна на Норвешката амбасада од Србија.

http://www.aberdzija.com/gradska/poetski-chitanja-kratovskite-uchenici-promoviraa-humani-vrednosti.html

facebooktwittergoogle_pluslinkedin