Соопштение до фирмите – истражување во врска со парафискални давачки кон општината и кон централната власт

Почитувани,

Ве известиме дека на 25 јануари 2022 (вторник) во 10 часот ќе се одржи онлајн истражување, со фирми од општина Кратово, во врска со парафискалните давачки кои ги плаќаат фирмите кон општината и кон централната власт.

Истражувањето го спроведува Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од  институтот Finance Think од Скопје, АГОРА, Квантум Прима, и ЛАГ Агро Лидер, и е дел од проектот „Побрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” поддржан од Европската Унија.

Главната цел на проекот е  „Да се ​​зајакне мрежата FISCAST во мониторингот на и партнерството со локалните засегнати страни за финансиската транспарентност на ЕЛС, со осврт на парафискалните давачки“.

На истражувањето може да се приклучите преку следниов zoom линк:  https://us02web.zoom.us/j/89157160519

Бидејќи бројот на учесници е ограничен, ве молиме за потврда за учество со реплицирање на мејлот kvantum.prima@gmail.com.

 

Ви благодариме.

Со почит,

Квантум Прима и Мрежа ФИСКАСТ

Scroll to Top