Промотивен настан во Дневниот Центар за деца и млади со посебни потреби во Кратово

Денеска во 10 часот во просториите на Дневниот центар за деца и млади со посебни потреби во Кратово заедно со претставници од здружението „Ресурен центар на родители на деца со посебни потреби“ од Скопје одржаа презентација на тема состојбата на деца со посебни потреби и нивните семејства.

На настанот свое излагање имаше регионалниот координатор – Бранкица Димитровска.

Ресурсниот центар претставува национален родителски сервис кој им служи на родителите и нивните деца со посебни потреби кои имаат потреба од некаква поддршка во нивните лични борби.

Овој центар е креиран со цел да биде првата референтна точка за родителите на деца со посебни потреби и ќе нуди основни совети и обуки околу секојдневното функционирање на детето и смејството, со посебен акцент на новодијагностицираните семејства.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin