Се одржаа првите два дена од Отворени Забавни Фудбалски Школи Кратово 2015

Општина Кратово и Отворените забавни фудбалски школи по 11-ти пат ја организираа спортската манифестација „Отворени Забавни Фудбалски Школи“ која е наменета за најмладите жители во општината. Оваа година мотото на манифестацијата го носеше името „Биди активен, биди среќен“.

Во сабота и недела (12 и 13 септември 2015 год.) на спортското игралиште Мусала, Кратово над 220 дечиња од општина Кратово на возраст од 6 до 12 години другаруваат и се забавува низ спортските игри.

Децата се поделени во неколку групи, а спортските активности се изведуваат под водство на обучени тренери и асистенти, предводени од спортски лидери.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin