Завршена е Реконструкцијата на кров во СОУ „Митко Пенџуклиски“

Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието-ПМИО успешно се заврши реконструкцијата на кровот наСредното Општинско Училиште Митко Пенџуклиски.

Самото потпишување на меморандумот за соработка помеѓу општината, средното општинско училиште, и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието – ПМИО имаше за цел да се обезбеди стимул за училиштето и локалната самоуправа односно доделените средства да се искористат за реновирање на училиштето за да се создаде подобра средина за учење.

Со средства од износ околу 1.500.000,оо ден беше извршена реконструкција на кровот во училиштето, стариот дотраен кровен покривач од азбест цементни табли беше заменет со пластифициран лим, како и замена на дел од граѓата од носечката дрвена конструкција.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin