2-ра фаза од манифестацијата „Топол културен бран 2015“

1Во рамките на втората фаза од манифестацијата „Топол културен бран 2015“ чија реализација е финансирана од општина Кратово и Министерството за култура, граѓаните на општина Кратово имаа можност да бидат дел од уште на два културни настани.

Воедно во четврток во просториите на Музеј на град Кратово се одржа поетски портрет „70 години Тодор Чаловски“. Пред многубројните почитувачи на поезијата и дел од поблиското семејство на Чаловски, актерот Страшко Милошевски интерпретираше дел од неговите поетски творби, кои предизвикаа силни емоции кај присутните.

Сето тоа беше надополнето со читање на неговата богата биографија и критичкиот осврт на д-р Весна Мојсова – Чапишевска, со што се запечати целосниот осврт кон неговото творештво и дело. Со овој настан се даде достоинствена почит кон ликот и делото на Тодор Чаловски, истворемено потврдувајќи го неговото значајно место во антологијата на македонската современа книжевност.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin