Решение за свикување на 8-ма седница на Совет на општина Кратово

Ја свикувам 8-мата седница на Советот на општина Кратово која ќе се оддржи на ден 21.04.2022 година (четврток) во салата за седници на Совет на општина Кратово со почеток во 11 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

Предлог-Записник од 7-ма седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 15.03.2022 година;

1. Квартален извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кратово за првиот квартал од 2022 година;
2. Предлог-Одлука за давање поддршка за аплицирање на Проектот: Основен проект за реконструкција на делот улица Ѓорѓи Какашевски со вкупна должина од 510 метри по Јавниот повик за прибирање на предлог проекти за развој на урбаните подрачја и оддржлив и урбан развој, развој на подрачјата со специфични развојни потреби и развој на селата;

3.  Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за издавање урбанистичка согласност за к.п.204,КО Туралево, општина Кратово;

4. Предлог-Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште и изградба на објекти за комунална инфраструктура на општина Кратово за 2022година ;

5. Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022година;

6. Предлог – Годишна програма со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна програма за еднакви можности на општина Кратово за 2022 година;

7. Предлог-Одлука за избор на Командир на Полициска станица од општа надлежност -Кратово;

8.Предлог-Одлука за формирање на Локален совет за превенција во општина Кратово;

9.Предлог-Одлуки за доделување на помош од Буџетот на општина Кратово,

10.Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Претседател на Совет на општина Кратово

Весна Петрова

 

Scroll to Top