ИЗЛОЖБА НА ЕМИЛИЈА И СТОЈЧЕ ТОЦИНОВСКИ И САРА ИЛИЌ-ГОРГИЕВ

1Во Домот на културата „Лазар Софијанов“ во Кратово на 14 август (петок) 2015 г., со почеток од 20 часот ќе биде отворена Изложба на академските уметници Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, Р Македонија и Сара Илиќ-Горгиев од Белград, Србија.

Сопружниците Тоциновски заеднички ги создаваат своите ликовни дела – два уметника на едно платно со иста визија. Циклусот „Чајници“, составен од 20 слики, е инспириран од убавината и колоритот на предметот. Со модерен творечки сензибилитет тие добиваат сопствени и интересни приказни.

Илиќ-Горгиев е дипломирана фреско-сликарка. Нејзиното „Создавање на светот“ е составено од 12 дела со ведар колорит, многубројни орнаменти и детали.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin