Започна чистење на речното корито во с.Куклица

Деновиве започна реализација на Акциониот план за чистење на водотеците за заштита од поплави за 2015 год. Со акциониот план се предвидени следните активности: сечење на вегетација со моторни пили и извлекување на истата на брегот од реката; машински ископ и расчистување на нанос на ниска вегетација, комунален и градежен отпад и проширување и продлабочување на речното корито; машинско порамнување на изнесениот материјал на брегот и формирање насип како и транспорт на вишок материјал со камиони.

Првично со активности ќе се отпочне со продлабочување на речното корито во с.Куклица и санирање на оштетениот пат, а потоа во зависност од можностите ќе се преземат активности на река Кратовска во с.Кетеново м.в. Дупка на вливот Кратовска река во Крива река.

Моментално пристигнати се околу 4 тона нафта кои се доделени од страна на Владата на РМ. За реализација на овој проектот освен општината вклучени се и Центарот за управување со кризи ПЕ Кратово и Дирекцијата за заштита и спасување ПЕ Кратово.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin