Театарски фестивал ,,Мостови,, во Кратово

1Минатогодишниот успех и интерес кој го предивика манифестацијата ,,Денови на МНТ во Кратово,, оваа година е мотив за одржување на Националниот ревијален фестивал ,,Мостови ,, во Кратово во периодот од 28.07.2015 година до 31.07.2015 година. Четирите фестивалски дена ќе понудат квалитетни театарски претстави од националните театарски куќи кои ќе бидат изведувани на платото пред Дом на култура и Музеј на град Кратово со почеток од 20.30 часот. Како организатор на фестивалот се јавува Здружението за афирмација на култура ,,Коринтон,, од Кратово, додека гавен покровител е Министертвото за култура на Р.М. Минатогодишниот пријател на Фестивалот Македонскиот народен театар повторно ја пружа својата техничка помош и поддршка и секако фестивалот и оваа година ја има поддршката од локалната самоуправа и Градоначалникот на општина Кратово. ПРОГРАМА 28.07.2015 Драмски театар, Скопје ,,Последните Македонци,, 29.07.2015 Н.Т. Јордан Хаџи Константинов Џинот,, -Велес ,,Спанаќ со пржени компири,, 30.07.2015 Театар ,,Фабрика,, – Скопје ,,Столови,, 31.07.2015 Театар Комедија – Скопје ,,Стјуардеси,,

facebooktwittergoogle_pluslinkedin