КОНКУРС за избор на најдобра фотографија со мотиви од порти или балкони од Кратово и кратовско

1

Здружение „Регионален центар за одржлив развој“ – Кратово, во соработка со
Дом на култура „Лазар Софијанов – Кратово, во рамки на проектот „Лидери на заедницата“ поаѓајки од потребите за зачувување, документирање и презентирање на културното-историското наследство на градот и општина Кратово и негово ставање во функција на локалниот економски развој распишува:

К О Н К У Р С

За избор на најдобра фотографија со мотиви од порти или балкони од Кратово и кратовско

За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани лица – професионалци, аматери и ученици, кои што пред се ги познаваат одликите на градот и околината, имаат емотивна поврзаност со староградската архитектура и поднебје, а во исто време сакаат истата да ја овековечат преку фотографија, да се пријават со свои фотографии на објавениот конкурс за избор на најдобра фотографија од староградска порта или балкон од Кратово и кратовско, согласно следниве утврдени критериуми:

1. Мотивите на фотографиите да се од Кратово и кратовско.
2. Да се достават фотографии од староградски порти и балкони или тераси, по избор на доставувачот на фотографиите.
3. По желба на доставувачот, може да се доставуваат дневни, ноќни или фотографии од различни временски сезони.
4. Доставените, односно пријавените фотографии да се во дигитален JPEGформат, со добар квалитет, минимум од 2.000 пиксели на подолгата страна и големина од 2 до 4 MB.
5. Фотографиите не треба да бидат фото-монтажа, ниту дигитално манипулирани.
6. Изборот на фотографиите ќе го изврши пет членаКомисија формирана од организаторите на конкурсот, според критериумите утврдени во Конкурсот.
7. Фотографиите не треба да бидат постари од 3 години.
8. Со испраќањето на фотографиите, авторот се согласува авторските права да му припаднат на организаторот на конкурсот кој може да ги користи за свои потреби.
9. Организаторот по завршување на конкурсот ќе организира изложба од сите пристигнати фотографии во Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово.
10. Бројот на фотографии по автор не е ограничен.
11. Фотографиите мора да бидат исклучиво лично дело и не смејат да бидат преземени од друг автор или од интерент.
12. Членовите на комисијата немаат право на учество на конкурсот.
Конкурсот е отворен 21 ден (од 06.07.2015 до 26.07.2015год. до 24:00 часот.Сите трудовите стасани по крајниот рок (не пратени по пошта, туку добиени на наведените адреси) нема да бидат земени во предвид при разгледувањето како и трудовите кои не одговараат на наведената тема на повикот.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобрафотографија и тоа:
– Прва награда 100$;
– Втора награда 80$;
– Трета награда 70$.

Наградите се во бруто износ во денарска против вредност. Истите ќе бидат префрлени на сметките на авторите.

Организаторите ги охрабруваат сите, професионалци, аматери и ученици, што го сакаат фотографирањето да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции. Ќе се оценуваат фотографии снимени во кој било временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во која било сезона на годината. Жири комисијата го задржува правото да побара оргинална фотографија доколку се сомнева во веродостојноста на истата, или да го повтори огласот доколку пристигнатите предлози не ги исполнуваат основните критериуми на конкурсот. Не соодветните предлози нема да се разгледуваат.

Начин на достава на фотографиите:
Трудовите можат да се достават лично или по пошта на една од наведените адреси:
1. Здружение „Регионален центар за одржлив развој“ Кратово
ул. Гоце Делчев бр.24
1360 Кратово
или
2. Дом на култура „Лазар Софијанов“
ул. Св. Ѓорѓи Кратовски бб
1360 Кратово
3. По електронски пат на следниот маил regionalencentar@gmail.com

Ако доставата е по пошта или лично, фотографиите морат да бидат на CD во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот со назнака „За конкурсот за најдобра фотографија“. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два запечатени плика, од кои едниот со ознака „предлог” со самото CD заведено под шифра, а вториот плик со иста шифра на лист ја содржи идентификацијата на испраќачот (име и презиме на авторот, контакт телефон, адреса на живеење и локација на која е направена фотографијата).

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се јават на тел.031/ 481-542 031/ 481-542 или 031/481-193 031/481-193 секој работен ден од 8.00 до 15.00 часот, или лично во просториите на организаторите.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin