Промовирана стихозбирката на Панче Младеновски

1Во Музејот на град Кратово беше промовирана стихозбирката „Хроника на каменот што рика“ од Панче Младеновски. Станува збор за прво литературно дело на поетот роден во Кратово, кое почнало да се создава седумдесеттите години од мкинатиот век, а дури сега ја доживеа светлината на денот. Со звуците на тамбурите во позадина, на необичен начин авторот Младеновски ги претстави своите творби пред своите драги сограѓани.
– Неколку децении овие стихови посветени на моето родно Кратово тлееа во мене. Кога ги напишав првите песни, критичарите не сакаа да ја валоризираат нивната вредност, велејќи дека се локалпатриотски, дека немаат пошироко значење. Во книгата ги опеав двата бора, кратовските кули и мостови, прекрасните љубовни серенади. Во меѓувреме, напишав уште неколку песни и еве дочекав во старост да ги соберам аплаузите од моите драги сограѓани – вели авторот Младеновски.
Промотор на стихозбирката беше актерот Страшко Милошевски.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin