5-ти „Европски фестивал на тамбурашки оркестар“ Кратово 2015

2Здружението „Св. Ѓорѓи Кратовски“ од Кратово под покровителство на Министерството за култура и Градоначалникот на Општина Кратово г-дин Мите Андоновски по 5-ти пат ја организира меѓународната манифестација „Европски фестивал на тамбурашки оркестри“ Кратово 2015.

Оваа манифестација претставува бренд на град Кратово, вековна традиција на гаење на македонската старо-градска песна преку која истотака се промовира културното и музичкото творештво.

Фестивалот е од меѓународен карактер, претставува дел од Агендата на Европскиот Тамбурашки Сојуз за одржување на фестивали од Европски ранг.

На фестивалот кој ќе се одржи на 4-ти Јули 2015 год. (сабота) во Мултимедијалниот Центар (кино сала) во Кратово од 20.00 часот ќе учествуваат повеќе оркестри и истакнати поединци од областа на тамбурашката музика од неколку земји – Хрватска, Македонија, Србија, БиХ и специјалниот гостин Нино Величковски.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin