Авионско прскање против комарци

Општина Кратово Ве информира дека на ден 02.07.2015 година (четврток) со почеток од 05.00 до 08.00 часот ќе се спроведе првото авионско третирање против комарци во 2015 година.

Со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од с.Кетеново нагоре и целото градско подрачје.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците – сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

Градоначалник

на Општина Кратово

Мите Андоновски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin