СООПШТЕНИЕ 01.06.2015

Проектот за управување со речниот слив на Брегалница заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање организира дводневен настан под слоганот „Вода за живот“ кој ќе се одржи на 2-ри и 3-ти Јуни 2015 година во општините кои се вклучени во проектот.

2Општина Кратово ќе земе активно учество во настанот кој на 2-ри јуни (Вторник) 2015 година во 12 часот која заедно со комуналното претпријатие Силком ДООЕЛ и основното општинско училиште „Кочо Рацин“ и средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ ќе направи чистење на дел од речното корито на Кратовска река (од мостот кај полициската станица до мостот во м.в Табачка маала) и просторот околу м.в.Карши Бавча.

Се покануваат сите заинтересирани граѓани да се приклучат на настанот.

На 3-ти Јуни (среда) 2015 односно централниот настан на кој ќе има поголем број на активности (тестирање на вода, игри и експерименти задеца, едукативни предавања и сл.) ќе се одржи во Виница, а општина Кратово ќе земе учество со група на ученици од основното и од средното општинско училиште.

ОПШТИНА КРАТОВО

facebooktwittergoogle_pluslinkedin