Запишување на првачиња во учебната 2015/2016 година во Општина Кратово

Согласно член 45, 46, 47, 48, 49, 50, 51, 52 од Закон за основното образование (Сл.весник на РМ бр. 103/2008, 33/2008, 116/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014 и 10/2015), член 10 од Закон за просветната инспекција на РМ (Сл.весник на РМ бр.52/2005, 81/2008, 148/2009, 57/2010, 51/2011, 24/2011, 24/2013, 137/2013, 164/2013, 41/2014 и 33/2015), Им се соопштува на родителите (старателите) дека во месец мај 2015 година до 10 јуни 2015 ќе се врши упис на првачиња во основното училиште во Општина Кратово.
Запишувањето на првачињата во прво одделение ќе биде за сите деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно сите деца кои се родени во 2009 година.
Детето може да се запише во прво одделение и доколку наполни шест години до 31 јануари наредната 2016 година но по претходно барање од родителите (старателите) и добиено мислење од стручните служби во училиштето.
При уписот во прво одделение во училиштето треба да дојдат родителот (старателот) или двајцата родители (старатели) и детето со потребните документи за упис (извод од матичната книга на родените, потврда за примените задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа).
За подетални информации родителите (старателите) да се обратат до основното училиште Кочо Рацин во Општина Кратово.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin