Решение за изменување и дополнување на Решението за свикување на дваесет и петтата седница на Советот на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за изменување и дополнување на Решението за свикување на дваесет и петтата седница на Советот на општина Кратово

Со Решението се врши изменување и дополнување на Решението за свикување на дваесет и петтата седница на Советот на општина Кратово бр. 16-712/1 од 13.05.2015 година, со тоа што се прави изменување и дополнување на Дневниот ред за седницата закажана за ден 21.05.2015 година (Четврток) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 13 часот, а со истото го предлагам новиот Дневен ред да гласи:

 ДНЕВЕН РЕД

– Предлог – Записник од дваесет и четвртата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 29.04.2015 година;

  1. Квартален извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршувањев на Буџетот на општина Кратово за првиот квартал од 2015 година;
  2. Предлог – Одлука за измени и дополнувања  на Буџетот на општина Кратово за 2015 година (Ребаланс на Буџетот на општина Кратово за 2015 година);
  3. Предлог – Буџетски календар за донесување на Буџетот на општина Кратово за 2016 година;
  4. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проектот „Изградба на локален пат од село Каврка врска со регионален пат Р 2232 од км 0+000 до км 2+166,68“;
  5. Предлог – Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот „Изградба на локален пат од село Каврак врска со регионален пат Р 2232 од км 0+000 до км 2+166,68“;
  6.  Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проектот „Изградба на патен правец од с.Крилатица до с.Нежилово, општина Кратово – 1 фаза од км 0+000 до км 3+500;
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот „Изградба на патен правец од с.Крилатица до с.Нежилово, општина Кратово – 1 фаза од км 0+000 до км 3+500;
  8. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проектот „Изградба на селски улици во село Страцин и тоа: од центарот на селото до црква „Свети Димитрија“ од км 0+000 до км 0+512,73 и улица во село Страцин до мв маало „Лепановце“ од км 0+000 до км 0+789,09“;
  9.  Предлог – Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот „Изградба на селски улици во село страцин и тоа: од центарот на селото до црква „СветИ Димитрија“ од км 0+000 до км 0+512,73 и улица во село Страцин до мв маало „Лепановце“ од км 0+000 до км 0+789,09“;
  10. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проектот „Завршување на изгадба на локален пат с.Шопско Рударе – Манастир „5-ти Кладенци“ , општина Кратово од км 2+000 до км 3+632,35“;
  11. Предлог – Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата со цел реализација на проектот „Завршување на изградба на локален пат с.Шопско Рударе – Манастир „5-ти Кладенци“, општина Кратово од км 2+000 до км 3+632,35„;
  12. Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2015 година;

    13. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко – планска документација со која ќе се изврши проширување на плански опфат и вклопување на објектите на кп 1771 КО Кратово, кп 1045 КО Мушково, кп 3861/9 и кп 1307/1 КО Шлегово;

    14. Предлог – Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас на водотеците опфатени со урбанистички планови во општина Кратовоѐ,

    15. Предлог – Решение за именување на член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ – Кратово и

    16. Прашања и предлози.

    Претседател

    на Совет на општина Кратово

    Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin