Дневен ред за Дваесет и петтата седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на дваесет и петтата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам дваесет и петтата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 21.05.2015 година (четврток) во салата за седници на Советот на општината Кратово со почеток во 13 часот. За седницата го предлагам следниот:

– Предлог – Записник од дваесет и четвртата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 29.04.2015 година.

  1. Квартален Извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Кратово за првиот квартал од 2015 година;
  2. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на општина Кратово за 2015 година (Ребаланс на Буџетот на општина Кратово за 2015 година);
  3. Предлог – Буџетски календар за донесување на Буџетот на општина Кратово за 2016 година;
  4. Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2015 година;
  5. Предлог – Одлуки за давање согласност за намените на инвестииците и Предлог – Одлуки за утврдување на приоритети на проекти по Јавниот повик бр. 04/2015 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2015 година на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој;
  6. Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2015 година;
  7. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко – планска документација со која ќе се извшри проширување на плански опфат и вклопување на објектите на кп 1771 КО Кратово, кп 1045 КО Мушково, кп 3861/9 и кп 1307/1 КО Шлегово;
  8. Предлог – Одлука за определување на ширина на крајбрежниот појас на водотеците опфатени со урбанистички планови во општина Кратово;
  9. Предлог – Решение за именување на член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ Кратово, и
  10. Прашања и предлози.

На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа за својата работа пред Советот на општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата.

  Претседател

на Советот на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin