ЈАВЕН ОГЛАС

okr_logo

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2015 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011 – 2015 година за програма „Промовирање на одржливи вработувања IV и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015″

 

ОПШТИНА КРАТОВО

објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

За сите заинтересирани лица кои сакаат да се вклучат во Програмата „Општинско – корисна работа 2015“ која се спроведува со поддршка од Владата на Република Македонија и UNDP. Оваа програма има за цел зајакнување на системот на социјална заштита со поголемо вклучување на капацитетите на општината и граѓаните со цел социјално вклучување и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните.

Програмата „За добросостојба на граѓаните“ како дел од програмата Oпштинско – корисна работа има за цел рализација на следните активности:

1.Помош и посета на стари лица и лица со посебни потреби во домашни услови.

2.Патронажна медициска сужба за помош и нега на стари лица, лица со посебни потреби, болни и изнемоштени лица.

3.Патронажна социјална служба.

 

Оваа програма нуди можност за социјално вклучување преку работно ангажирање на невработени лица со цел стекнување на нови знаења и вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот. Предност имаат лицата со статус на долгорочно – невработени лица или припаѓаат на ранливите категории на граѓани. Право на пријавување имаат сите невработени лица кои се активни баратели на работа во Центарот за вработување – Кратово.

Општина Кратово објавува оглас за работно ангажирање на шест лица за следните работни места :

Негувател на стари лица и лица со посебни потреби (2 лица);

-Доктор (дел од патронажна служба);

-Медицинска сестра (дел од патронажна служба);

Физиотерапевт(дел од патронажна служба);

-Патролен социјален работник;

Избраните лица ќе потпишат договор за рабoтен ангажман од 6 месеци со 20 работни часа неделно, со месечен надоместок од 6.200,оо денари (со вклучен персонален данок и осигурување од повреда на работно место).

Исто така општина Кратово испраќа повик и до сите лица кои би можеле да ги користат услугите од програмата „Општинско корисна работа 2015“ и потребно е да припаѓаат на следните категории:

1.Лица со посебни потреби кои имаат наод и мислење од стручна комисија за утврдување на степеност на физичка или ментална попреченост.

2. Стари, болни и изнемоштени лица кои имаат потреба и помош од друго лице.

Огласот за невработени лица и крајни корисници е отворен од15.05.2015 до 22.05.2105 година.

Пријавувањето на невработените лица се врши во Центарот за вработување во Кратово, секој работен ден од 08.30 – 16.30 часот. (контакт – телефон 031/ 481 105)

Пријавувањето на крајните корисници се врши во просториите на општина Кратово, кај одговорното лице, секој работен ден од 08.00- 16.00 часот. ( контакт – телефон 031 481 202)

facebooktwittergoogle_pluslinkedin