ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 1/2015

Јавен оглас за прибирање на понуди за изведба на градежни работи за проектот Конзервација, реконструкција и адаптација на Златкова кула во Кратово
14.05.2015

Општинската установа Музеј на град Кратово
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 1/2015
за прибирање на понуди  за изведба на градежни работи за проектот Конзервација, реконструкција и адаптација на Златкова кула во Кратово

Се врши прибирање на затворени писмени понуди за изведба на градежни работи за проектотКонзервација, реконструкција и адаптација на Златкова кула во Кратово. Градежните работи детално се опишани во тендерската документација која може да се подигне во форма на CD или хартиена форма во просториите на Музеј на град Кратово по уплата на 1.000 денари на жиро – сметка 737010905978719, приходно конто 723220, програм К3, трезорска сметка на Општинската установа Музеј на град Кратово. Основни критериуми за избор на најповолна понуда е најниска цена. Понудите треба да се достават најдоцна до 23.05.2015 година до 12 часот, а важноста на понудата 60 дена сметано од денот на отварањето.

Понудите треба да се достават на адреса: Музеј на град Кратово, ул. Свети Ѓорѓи Кратовски бр.бб, 1360 Кратово, со назнака ПОНУДА по јавен оглас – изведба на градежни работиза проектот Конзервација, реконструкција и адаптација на Златкова кула во Кратово.

        Проектот е финасиран од амбасадорскиот грант за заштита на културното наследство од Американската амбасада во Македонија – Скопје во висина од 97.200 американски долари.

Сите подетални информации може да се добијат во Општинската установа Музеј на град Кратово, ул. Свети Ѓорѓи Кратовски бр.бб, на телефон: 031-482-015 или на меил:muzejkratovo@t-home.mk.

МУЗЕЈ НА ГРАД КРАТОВО

                                                                                                             Директор

                                                                                              м-р Драган Георгиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin