Конкурс на тема „Вода за Живот“

Проектот за управување со речниот слив на Брегалница чија главна цел е подобрување на состојбата со водните ресурси во сливот на Брегалница и изработка на План за управување со речниот слив, објавува конкурс за избор на цртеж и фотографија на тема “Вода за живот“, што всушност претставува слоган под кој се реализира проектот.

Се повикуваат сите заинтересирани уметници, фотографи и аматери од сите возрасни групи да земат учество на конкурсот во двете предвидени категории.

• Избор на најдобра фотографија на тема “Вода за живот“
• Избор на најдобар цртеж на тема “Вода за живот“

Целта на конкурсот е да се подигне свеста на населението за прашањата поврзани во водата како и да се мотивираат сите возрасни групи за совесно однесување со природните ресурси.

Критериуми за учество:

 За фотографиите
• Дигитална фотографија (JPEG), со резолуција од најмалку 6 megapixels, во оригинална форма (необработена) и без фотомонтажа.
• Фотографиите треба да се направени во Брегалничкиот регион и да соодветствуваат на темата “Вода за живот“. Се што претставува природна убавина, пејсаж или специфика на Брегалничкиот слив може да биде дел од фотографијата.
• Еден учесник може да учествува со најмногу 3 фотографии.
• Фотографиите да се испратат во дигитална форма која не надминува 5 MB, со податоци за авторот, каде е направена и име на фотографијата на e-mail: info@bregalnica.mk најдоцна до 26 Мај 2015 (Вторник) до 15:00 часот со назнака „ЗА КОНКУРС“.

 

За цртежите
• Цртежите треба да бидат на тема “Вода за Живот“, во формат……… и да содржат податОци за авторот и име на цртежот.
• Цртежите треба да се фотографираат и испратат во дигитална форма која не надминува 5 MB на e-mail: info@bregalnica.mk или да се достават во оригинална форма на адреса „Д-р Николиќ“ бр. 64 Кочани (Фабрика за вода) со назнака „За конкурс“, најдоцна до 26 Мај 2015 (Вторник) до 15:00 часот со назнака „ ЗА КОНКУРС“.

Фотографиите и цртежите кои учествуваат на конкурсот треба да не биле претходно објавени или изложени. Со испраќањето и учеството на конкурсот, авторот ги отстапува авторските права на Проектот за управување со речниот слив на Брегалница, со што проектот стекнува право да ги објавува и печати за свои потреби.

За најдобрите фотографија и цртеж следуваат награди кои ќе бидат доделени на 3 Јуни 2015 (среда) во Виница на настанот кој ќе се одвива под слоганот „Вода за живот“.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin