Известување за Проект на УСАИД

Почитувани,

Ве известуваме дека во рамките на Проектот на УСАИД за развој на мали и средни бизниси на територијата на Североисточниот плански регион кој ги опфаќа општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово се одржуваат бесплатни обуки за собирачи на диворастечки растенија.

До сега имаме голема бројка на собирачи на диворастечки растенија кои преку бесплатната обука во рамките на нашиот проект добија бесплатни сертификати за обучени собирачи на диворастечки растенија.

Целта на нашиот проект е да излеземе во пресрет на сите наши сограѓани кои се занимаваат со собирање на диворастечки растенија било за свои потреби или пак за понатамошна продажба.

Затоа Ве известуваме дека бесплатните обуки за собирачите на диворастечките растенија ќе се одржат на:

17-ти Април / 18:00 часот / кружна сала во зграда на поранешен комитет Куманово;
19-ти Април / 10:00 часот / општинска сала во Крива Паланка;

За повеќе информации околу настаните информирајте се на тел: 071 260 913, Данијела Трајковиќ, Проект координатор, Проект на УСАИД за експанзија на мали и средни бизниси.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin