Прославување на големиот Христијански празник Велигден

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 10 април 2015 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед и 13 април 2015 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Велигден е празник кој веќе дваесет века го преобразува човештвото, го просветлува и го води од смрт кон живот. Ја слави радоста на новите почетоци и на новата надеж кај луѓето. Велигден е празник над празниците.  Но најважно е што Христовото воскресение отсекогаш ја имало смислата на патување од распетие кон воскресение, односно на распнување и погребување на стариот човек во нас, преполн со грешни навики и воскресение во нов обновен човек, соединет со Исус Христос.

Христос воскресе!!

Навистина Воскресе!!

За многу години!!!

facebooktwittergoogle_pluslinkedin