Информација за отворен повик на Мировен корпус

Во текот на оваа година се очекува нова група на американски волонтери коишто ќе работат во рамки на програмите за унапредување на наставата по англиски јазик и развој на заедниците.

Со цел идентификување на институции и организации со кои ќе работат волонтерите, Мировен корпус објави отворен повик за апликации за волонтер за 2015 година.

Повикот е отворен за сите основни и средни училишта, општини и здруженија на граѓани. Повикот и апликациите ќе можете да ги симнете од веб страната на Мировен Корпус Македонија:

http://macedonia.peacecorps.gov/resources.php

Рокот за аплицирање е до 10 април 2015 година.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin