Проект за конзервација и реставрација на Златкова кула во Кратово

1Во завршна фаза е изработката на проектот за конзервација и реставрација на Златковата кула во Кратово, значаен споменик на културата од 14 век.
Во согласност со проектот, кој се реализира со поддршка од Министерството за култура и со грантот за заштита на културното наследство на Амбасадата на САД во Република Македонија, стручните екипи на Националниот конзерваторски центар годинава ќе работат на реставрација на ентериерот на кулата и негова адаптација во простор за афирмација на културата и културниот туризам во Кратово.

Златковата кула претставува градба на три ката која името го добила според последниот сопственик, Ѓорги Златков. Во приземјето од Кулата, според проектот, планирано е отворање на сувенирница со предмети карактеристични за кратовскиот крај, културно-информативен центар, како и спомен-соба на македонскиот православен светител св. Ѓорги Кратовски.

Претходно, како дел од Годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес, бешеизвршена конзервација на архитектурата на Златковата кула која е значајно сведоштво за средновековниот живот на Кратово. Реализацијата на овој исклучително значаен проект е во функција на ревитализација и промоција на нашето богато културно наследство.

Со поддршка од Министерството за култура, претходно во Кратово беше извршена реконструкција на Саат-кулата, како и ревитализација на Симиќевата кула, која е веќе отворена за јавноста и во која е изложена постојаната поставка „Карпошово востание 1689 година“.

www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/1955-konzervacija-restavracija-zlatkova-kula-kratovo

facebooktwittergoogle_pluslinkedin