Изложба на слики – Владимир Темков

1Музеј на град Кратово Ве поканува на 26.03.2015 год. – четвртокво изложбениот салон од 12 и 30 часот на ИЗЛОЖБА на слики на Владимир Темков.Владимир Темков е роден 1959 год. во Кавадарци. Завршил Педагошка академија и Факултет за ликовна уметност во Скопје, отсек графика.

Член е на ДЛУМ од 2001 год. Реализирал околу 60-тина самостојни изложби во Македонија, Хрватска, Бугарија, Франција, САД ( Њујорк 2013), Турција како и учество на стотина групни изложби и проекти. Учествувал во работата на преку 40 ликовни колонии кои се одржувале во Македонија и регионот. Има учествувано и на повеќе меѓународни конференции како и студиски претстој во Париз – Франција во 2011 год. Во текот на 2015 год. реализираше две самостојни изложби во Кавадарци и Скопје.

Делата на Темков се обележани со мотиви од богатиот растителен свет и птиците. Како автор кој потекнува од Тиквешијата, неговото творештво се карактеризира со богат колорит

facebooktwittergoogle_pluslinkedin