Средба на Локалниот Совет на млади

1Денеска во 15 часот во општинската сала се одржа средба на младите од градот заедно со Претседателот Даниела Тодосова и останатите членови на ново формираниот Локален младински Совет. Средбата беше со цел да се запознаат младите дека во нашиот градот од неодамна е формиран младинскиот совет кој е составен од 5 члена и тоа: Денис Демовски, Влатко Стојановски, Даниела Тодосова, Адријан Иванов и Петарче Златанов.

На средбата беа присутни и претставници од Агенцијата за вработување Кратово кои ги објаснија најновите мерки за вработување на младите, како и претставници од Центарот за социјални работи кои имаа за цел да ги соопштаат мерките за ранливите категории.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin