Посета на учениците од 4-то одд. во општината

1Денеска учениците од 4-то одделение од основното општинско училиште „Кочо Рацин“ заедно со своите одделенски раководители беа во посета во просториите на локалната самоуправа каде што се сретнаа со Градоначалникот г-дин Мите Андоновски.

Целта на посетата, беше да се запознаат со работата во општината односно како работи и функционира нашата општина,составот и кои се надлежностите.

Учениците воедно имаа можност и да постават свои прашања кои се однесуваат на активностите и работата на Градоначалникот, Советот на општината и сите служби кои функционираат во составот на општина Кратово.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin