Соопштение 06.03.2015

Министерството за финансии – Управата за имотно правни работи во текот на месец Март 2015 година ќе ја спроведе акцијата „Отворено со управата за имотно – правни работи“.

На овој начин сакаме да Ви излеземе во пресрет преку непосредна комуникација со нашите стручни тимови, да добиете стручна помош за решавање на Вашите проблеми од имотен правен карактер.

Акцијата во општина Кратово ќе се реализира во просториите на Подрачното одделение на ден 07.03.2015 год. со почеток од 08.30 часот до 17.30 часот.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin