Известување за настаното свлечиште на регионален пат Р2232 Бучиште – Злетово

Во текот на ноќта на 08.02.2015 година (недела) на регионалниот пат Р2232 (Бучиште – Злетово-хидроакумулација Злетовица) односно на стационажа 13 км на пристапниот пат до браната Кнежево, настанато е свлечиште од поголеми размери со исклизана поголема количина на земја и карпи, а зафатена е и значителна количина на дрвна маса.

Поради ваквата ситуација, сообраќајот е во прекин, а за ваквата настаната ситуација известени се сите надлежни институции за итно и неодложно превземање на мерки за доведување на патот до проодна состојба.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin