Соопштение за јавност за извештај за стратегиска оцена на животната средина

Се известува заинтересираната јавност дека општина Кратово во постапката за донесување на ЛУПД за изградба на услужен центар – станица за технички преглед на возила со пратечки содржини на к.п. 3861/1 и к.п. 3861/5, м.в. Габреш, КО Шлегово, општина Кратово изработи Извештај за стратегиска оцена на животната средина на општина Кратово www.opstinakratovo.gov.mk .

Изработениот Извештај и ЛУПД за изградба на услужен центар – станица за технички преглед на возила со пратечки содржини на к.п.3861/1 и к.п.3861/5, м.в. Габреш, КО Шлегово, општина Кратово ќе бидат достапни и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР при општина Кратово секој работен ден од 8 до 16 часот во период од 30.12.2014 год. до 30.01.2015 год.

Одговорно лице е Цане Анчов, Раководител на Одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР.

Информации можат да се добијат на те. 031 481 202, локал 113.

Јавната расправа по Извештајот за ЛУПД за изградба на услужен центар – станица за технички преглед на возила со пратечки содржини на к.п. 3861/1 и к.п. 3861/5, м.в.Грабреш, КО Шлегово, општина Кратово ќе се одржи на ден 26.01.2015 година со почеток во 12 часот во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР при општина Кратово.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin