Одбележан денот 3-ти декември

Граѓаните и институциите во општина Кратово масовно се приклучија кон одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3 – ти декември. Во акцијата за донирање средства на Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост беа соберени над 30.000,оо денари, облека, хигиенски средства и др.

DSC01985
Општина Кратово одлучи средствата кои беа соберени од неодамна одржаната манифестација „Компиријада 2014“ да ги намени за купување на статичен велосипед за Дневниот центар. Кон ацијата се приклучија младите и Црвен крст кои организираа хуманитарен концерт на 02.12.2014 год. (вторник) во Мултимедијалниот центар (кино сала) Кратово со почеток во 18 часот и средствата од продадените влезници ги наменија за лицата со посебни потреби

facebooktwittergoogle_pluslinkedin