Јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Советот на млади на општина Кратово

1. Се покренува постапка за избор на членови на Советот на млади на општина Кратово.

Советот на млади е советодавно тело на Советот на општина Кратово основано со цел активно вклучување на младите во јавниот живот на општина Кратово.

Во Советот на млади на општина Кратово можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење на територијата на град Кратово и со старосна граница од 15 до 30 години.

2. Советот на млади на општина Кратово брои 5 членови.

Советот на млади од своите редови избира претседател и заменик претседател.

Членовите на Советот на млади на градот Кратово се бираат со мандат од две (2) години.

3. Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади на општина Кратово имаат: Невладини организации и Здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и други регистрирани облици на организирање на младите.

4. При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој јавен повик:

  • СМ – 1 (Образец – Предлог кандидат за член на Советот на млади на општина Кратово);
  • СМ – 2 (Образец – Согласност за прифаќање на кандидатурата за член на Советот на млади);
  • СМ – 3 (Образец – Согласност дека кандидатот за член на Советот е предложен согласно актите на институцијата);

Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.

5. Предлагачот е должен покрај наведените документи во точка 4 да приложи и:

  •  Документација од која е видливо дека кандидатите ги исполнуваат условите од точка 1 од овој јавен повик (Извод од матична книга а родените не постар од 6 месеци или фотокопија од лична карта);
  • Кратка биографија на кандидатот;
  • Фотокопија од регистрација на здружението;

Ненавремено доставените документи и нецелосна документација нема да се разгледува.

6. Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Советот на млади на општина Кратово е 8 дена од објавувањето на овој јавен повик.

Потребните обрасци од точка 4 кои се прилог на потребната документација можат да се подигнат во општина Кратово кај Соработник Љупчо Голубанов.

Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на град Кратово, со назнака „Предлог кандидат за избор на членови на Советот на млади на општина Кратово“ се доставуваат на адреса:

 Општина Кратово

 

Комисија за прашања на верификација, избори и именувања

 

Плоштад Павел Шатев бр.1 Кратово

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin