Форум со работодавачи

Проектот „Форуми на работодавачи“ – Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис-секторот во организација на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, Националниот совет за претприемништво и конкурентност, УНДП и Локалната самоуправа – Кратово Ве покануваат на:- ден 17.10.2014 година (петок) со почеток од 10 часот до 11.30 часот во општинската сала ќе се одржи Форум на работодавачи, а истиот ден од12.30 до 14 часот ќе се одржи и Инфо средба со млади .

Целта на форумите е да ги презентираат Активните програми/мерки за вработување пред работодавачите, а ќе се одржи и дискусија за искуствата од досегашната примена и идентификување на проблемите и потребите на бизнис заедницата во насока на јакнење на соработката во планирање и имплементирање на политиките за вработување на локално ниво.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin