СООПШТЕНИЕ 07.10.2014

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека не ден 09.10.2014 година (четврток) од 06.00 – 19.00часот, сообраќајот на улицата „Свети Ѓорѓи Кратовски“ (во делот од Пазарот до Плоштадот) ќе биде затворен, поради потребите за снимање на ТВ серија. Двонасочен сообраќај ќе се одвива по улицата „Гоце Делчев“ и се известуваат сите сопственици на возила тој ден да не паркираат на улицата „Гоце Делчев“ бидејќи за таа цел ќе биде ослободен паркингот на Автобуската станица.

Исто така се информираат граѓаните со цел да не се создаде страв и паника бидејќи за потребите на ТВ серијата ќе се снимаат сцени во кои ќе има пукотници.

Благодариме на разбирањето.

Општина Кратово

facebooktwittergoogle_pluslinkedin