III Меѓународен фестивал на етнолошки документарни филмови „Кратово 2014„

Општина Кратово и Музеј на град Кратово во организација на Македонското Етнолoшко Друштво Ве поканува на свечено отварање на III Меѓународен Фестивал на Етнолошки Документарни Филмови „КРАТОВО 2014“ вочетврток (2-ри Октомври,2014) со почеток во 09.30 часот во просториите на Музеј на град Кратово.

Општината по трет (3) пат ќе биде домаќин на Меѓународниот фестивал на етнолошки филмови, кој фестивал започнува во четврток на 2-ри октомври, а ќе заврши во сабота на 4-ти октомври.

Свеченото отварање ќе биде од страна на проф. д-р Зоранчо Малинов кој е воедно и Претседател на Македонското Етнолошко Друштво, а поздравни говори ќе имаат и претставници од Министерството за култура и Градоначалникот на општина Кратово.

Во 10 и 30 часот следува предавање на Стеф Мејкнехт на тема: „Како ги изработувам етнолошките документарни филмови„

facebooktwittergoogle_pluslinkedin