Соопштение за јавност за извештај за стратегиска оцена на животната средина

Врз основа на член 69 став 1 од Законот за животна средина (Сл.Весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11), Градоначалникот на Општина Кратово го дава следното

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

за извештај за стратегиска оцена на животната средина

 Се известува заинтересираната јавност дека Општина Кратово во постапката за донесување на урбанистички план вон населено место Крилатица за изградба на лесна индустрија со пратечки содржини плански опфат дефиниран на исток по к.п.1395, 1394, 2851, 1629 и 1655 на запад по осовина на општински пат на југ по к.п. 2839 и на север границата е по општински пат, КО Крилатица општина Кратово изработи Извештај за стратегиска оцена на животната средина кој е достапен за увид на заинтересираната јавност на интернет страницата на општина Кратовоwww.opstinakratovo.gov.mk

Изработениот Извештај и урбанистички план вон населено место Крилатица за изградба на лесна индустрија со пратечки содржини ќе бидат достапни и во просториите на Одделението за урбанизам при општина Кратово секој работен ден од 8 до 16 часот во период од 19.09.2014 год. до 20.10.2014 год.

Одговорно лице е Цане Анчов, Раководител на одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР.

Информации можат да се добијат на тел. 031 481 202

Јавната расправа по Извештајот за урбанистички план вон населено место Крилатица за изградба на лесна индустрија со пратечки содржини ќе се одржи на ден 14.10.2014 година со почеток во 12 часот во Салата за седници на Совет при општина Кратово.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin