Јавна презентација – Студија за оценка на влијанието на проектот врз животната средина за системот за наводнување во општина Кратово

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП ХС „Злетовица“ Пробиштип од една страна и Европската инвестициона банка (ЕИБ) од друга страна склучија Договор за техничка подршка на проектот Злетовица за производтсво на електрична енергија и наводнување за изработка на техничка документација за Фаза II – наводнување и Фаза III – енергетика.

Консултантот SWECO AQVA HYDRO е во фаза на подготовка на Студија за оценка на влијанието на проектот врз животната средина за Фаза II – наводнување.

Согласно проектните активности за истата студија ќе има јавна презентација од страна на експертскиот тим кој е вклучен во изработката на Студијата за оценка на влијанието на проектот врз животната средина за системот за наводнување на површините опфатени во општина Кратово и тоа:

  • Подсистем Повишница;
  • Подсистем Сакулица;
  • Подсистем Марковица;

Јавната презентација ќе се одржи на ден 11.11.2014 год. (вторник) во 12 часот, во Музеј на град Кратово.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin