Заврши изградбата и асфалтирањето на патот с.Каврак

Заврши изградбата и асфалтирањето на локалниот пат од с.Каврак према браната Злетовица во с.Кнежево и тоа во должина од 3,2 км. Средствата за овој патот беа обезбедени од страна на Светската банка преку Јавното претпријатие за државни патишта во висина од 18 милиони денари. Изведувач на работите беше Гранит – Скопје.

Со изградбата на овој пат им се овозможува на сите жители од овој крај полесна и побрза комуникација со градот. Патот е целосно обновен и асвалтиран и преостанува уште еден километар да се поврзи со асфалтираниот пат кој води до браната Злетовица према с.Каврак.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin