Одржан „Форум на работодавачи“ и „Инфо средба со млади“

DSC01621 Во петокот на (17.10.2014 год.) во општинската сала во Кратово се одржа Форум на работодавачи – 2014 во присуство на претставник од МТСП – Младен Фрчковски, претстваник од Националниот совет за претприемништво и конкурентност – Викторија Митрикевска, Градоначалникот на општината – Мите Андоновски, Раководителот на Агенцијата за вработување – Саше Ѓеорѓиевски и претставници од фирмите – работодавачи.

Општина Кратово е една од 28-те општини во која се одржува активноста која има за цел да ги презентираат активните мерки и програми за вработување кои ги нуди државата, односно активните програми-мерки за вработување на работодавачите во насока на јакнење на соработката во планирањето и имплементирањето на политиките за вработување на локално ниво, а исто така се одржа и дискусија за искуствата од досегашната примена.

DSC01679Овој проект Форум на работодавачи е во организација на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РМ, Центрите за вработување и Националниот совет за претприемништво и конкурентност во соработка со Единиците на локалната заедница и Општина Кратово.

На самиот форум присуствуваше и Градоначалникот кој даде подршка на овој проект, а претставникот од ЛЕР ја презентираше моменталната состојба на општината во насока на локален економски и можностите за развој на креирање на нови работни места.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin