Отворени Забавни Фудбалски Школи 2014 во Општина Кратово

Отворените Забавни Фудбалски Школи во Кратово овој викенд сабота (13.09.2014 год.) и недела (14.09.2014 год.) беа отворени по девет-ти (9) патво општината каде учество земаа најмладите, односно над 200 дечиња(момчиња и девојчиња) на возраст од 06 до 12 година.

„Опен Фан Фудбалски Игри“ оваа година се реализира на игралиштето пред СОУ„Митко Пенџуклиски“ – Кратово, каде децата се дружеа играјќи забавни спортски игри и натпреварувајќи се во групи.

Општина Кратово продолжува со подршка на младите и спортот во градот па затоа и оваа година општината беше главен покровител за одржување на овие Отворени Забавни Фудбалски Школи (OFFS).

facebooktwittergoogle_pluslinkedin