„На секое дете му е потребно семејство“

baner_skratenoДенеска, 12.09.2014 год. (петок) во просториите на општинската сала во Кратово за подигање на свеста кај граѓаните за значењето и секако можностите што ги нудат згрижувачките семејства беше одржана заедничка средба со претставниците од Центарот за социјални работи – Кратово, Локалната самоуправа и др. институции за презентирање на проектот на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“.

Целта на овој проект е стимулирање на поголем број семејства да станат згрижувачки односно да згрижуваат деца кои се без родители и родителска грижа. Сместувањето во згрижувачко семејство претставува форма на заштита која овозможува грижа за лице кои има потреба да биде во Вашиот дом, заедно со Вашето семејство.

Повеќе информации за згрижување на некое дете во вашиот дом можете да добиете односно да се информирате во Центарот за социјални работи во Кратово или на тел. (031) 481 228, како и на веб страната на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk www.mtsp.gov.mk/proekt-za-zgolemuvanje-na-brojot-na-zgrizuvackite-semejstva-vo-republika-makedonija.nspx на бесплатниот тел. 15 505.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin