Комисијата за култура при Собранието на РМ во посета на Кратово

На 09.09.2014 год. (вторник) општина Кратово беше домаќин на пратениците – дел од Комисијата за култура при Собранието на РМ предводени од Претседателот на комисијата, Силвана Бонева. Повод за оваа посета беше Предлог – Законот за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење.

Токму пред да излезе на гласање овој закон, пратениците посакаа од близу да се запознаат со убавините на Кратово и неговото културно наследство и секако да одржат работна средба со Градоначалникот и претставници од општината.

Пратениците видно возбудени и воодушевени од сето она што го видоа заеднички заклучија дека Кратово има непроценлив туристички потенцијал кој дополнително ќе добие тежина по донесувањето на овој закон.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin