Свечено одбележување на 6-ти Септември, 70 години од ослободување на Кратово

Свечено одбележување на 6-ти Септември – 70 години од ослободувањето на Кратово, а воедно и одбележување на 70 години од ослободувањето на РМ и 70 години од одржување на АСНОМ

Настанот ќе се одржи на 06.09.2014 год. (сабота) започнвајќи од 11.00 часотсо положување на цвеќе пред СпоменКостурницата во Кратово и останатите спомен – одбележја на паднатите борци.

11.45 ч. – Отварање на изложба „Кратово во НОБ“, Галерија на Музеј на град Кратово;

12.00 ч. – Отварање на изложба со дела од Детската ликовна колонија „Лазар Софијанов“ од Кратово, Галерија на Дом на култура „Лазар Софијанов“;

12.15 ч. – Свечена Академија во Мултимедијален центар (Кино сала) – каде освен поздравните говори на Градоначалникот на општина Кратово, Претседателот на Организацијата на резервни офицери на РМ и Претседателот на Сојуз на борци на Кратово, ќе следува и доделување на благодарници од страна на Организацијата и доделување на награди за најуспешна творба на конкурсот „70 години од ослободување“.

По сето ова следува Културно – уметничка програма со настап на КУД „Ефрем Каранов“ Кратово и настап на Кратовските тамбураши.

Поканети се сите граѓани на Кратово достојно да ја прославиме Слободата на Татковината и да им оддадеме чест на оние кои ги положија своите животи за неа.

 Превземи: 6 ti septemvri 2014.pdf

facebooktwittergoogle_pluslinkedin