Изложба на графики на Валентина Илијевска

Четврток (04.09.2014 год.) во 12.30 часот во галерија на Музеј на град Кратово ќе биде отворена изложба на графики на Валентина Илијевсканасловена „За вредностите“.

4_(1)

Изложбата содржи околу 20-тина графички листови кои се работени во дрворез и комбинирана техника. Валентина Илијевска е родена во Скопје на 25 јули 1987 год. Дипломирана на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје – Оддел графика и графички техники.

За својот труд има добиено десетина награди во земјава и странство, реализирала самостојни изложби, а учествувала и на групни изложби во Македонија, Турција, Србија и Унгарија.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin