Повик за членови на иницијативни одбори за локални младински совети

Младински образовен форум во соработка со Центар за меѓукултурен дијалог во рамките на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ финансиран од Европска Унија (ИПА програма), распишува повик за членови на иницијативни одбори во 12 општини во РМ кои ќе бидат дел од иницијативите за основање локални младински совети во 12 општини.

Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам младинска работа и младинско учество во процесите на носење одлуки.

Членови на иницијативните одбори можат да бидат номинирани од младински организации или други младински структури од општините кои се дел од проектот. Иницијативните одбори со поддршка на локални младински јадра во секоја општина ќе го водат основањето на локалните младински совети, ќе работат на креирање на структурата на телата и промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво.

Општини во кои ќе се основаат младинските иницијативни одбори се: Центар, Чаир, Тетово, Липково, Дебар, Кичево, Струга, Битола, Неготино, Велес, Делчево и Кратово. Членовите на иницијативните одбори ќе бидат континуирано вклучени во активностите во проектот од септември 2014 до јуни 2015 година. Во овој период членовите ќе учествуваат на тренинзи за јакнење на капацитетите на иницијативните одбори, организација на јавни акции и настани, соработка со општините, основање локални младински совети како и креирање и спроведување на локални младински политики.

Активностите кои се предвидени за членовите на иницијативните одбори вклучуваат:

  • Активно учество во креирањето на локалните младински совети;
  • Учество на циклус тренинзи во периодот септември – октомври 2014;
  • Учество во унапредување на локални младински политики преку организирање младински настани и акции;
  • Соработка со општините за воспоставување на Локален младински совет;
  • Соработка со сите форми на младинско здружување на локално ниво;
  • Активно учество при спроведување на обуките и останатите активности предвидени со проектот;
  • Активно учество при изработка на локални младински документи.

Услови кои треба да ги исполнуваат организациите кои сакаат да номинираат свои претставници како членови во младиснките иницијативни одбори:

  • да се младински здруженија, организации за млади, сојузи, унии, средношколски или студентски заедници, помладоци на политички партии, спортски друштва, културно-уметнички друштва или друга форма на здружување на млади, формални или неформални здруженија на млади;
  • да се регистрирани и/или делуваат на подрачјето на општините опфатени со проектот;
  • да номинираат свој претставник/чка (возраст меѓу 15 и 29 години) во иницијативниот одбор во соодветната општина и да имаат можност за континуирано и активно учество во активностите на проектот преку својот претставни/чка;
  • да имаат интерес за унапредување на локални младински политики;
  • да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво.

Во случај на голем број на пријавени делегати или пријави кои не ги исполнуваат условите на повикот ќе биде напарвен избор за секоја од наведените општини одделно според наведените услови.

Аплицирањето се врши преку пополнување на апликација која можете да ја најдете на следниов линк:

docs.google.com/forms/d/1pMClEDpJLC3_VWP8hUsxw0DK0OO6rrnCKj9k-LLxiyU/viewform Организациите во рамките на процесот на аплицирање ќе треба да ги достават и следните документи:

– портфолио на организацијата;

– извештај за работа на здружението за 2013 година или друг документ во кои се наведени реализираните активности со млади, младински политики и иницијативи во општината за која се аплицира;

– CV на кандидатот кој се номинира.

Дополнителните документи треба да се достават пред крајот на рокот за аплицирање на policy@mof.org.mk

Сите заинтересирани младински организации или други младински структури кои ги исполнуваат условите на повикот може да пријават максимум еден свој претставник со пополнување апликација на следниов линкdocs.google.com/forms/d/1pMClEDpJLC3_VWP8hUsxw0DK0OO6rrnCKj9k-LLxiyU/viewform до 15 септември 2014 година.

За дополнителни информации и прашања може да се консултирате на 02 31 39 692.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin